Објавена е снимка од ново пукање од синоќа во населбата Хајдуково кај Суботица, само неколку дена откако беше убиен мигрант.
Изгледа дека мигрантите не застанале ниту неколку дена по убиствената престрелка, а во околните шумски предели се водат дополнителни вооружени судири, јавува Маѓар Шо.
Овој портал пренесува дека читателот кој им го испратил видеото им рекол дека тој, неговото семејство и мештаните се во очај и дека стравуваат дека порано или подоцна и тие би можеле да станат жртви на мигрантска агресија.
На 24 јули, по дојава дека во шумата на периферијата на населбата Хајдуково се слушаат истрели од огнено оружје, полицијата во Суботица излегла на лице место и пребарувајќи го теренот во близина на автопатот, го пронашла безживотното тело на Авганистанец, како и еден од неговите повредени сонародници.
Од болницата во Суботица ја алармираа полицијата дека има уште еден повреден мигрант.