ВИДЕО: Инциденти и насилство во Атина, полицијата со солзавец ги растера грчките антимаскери

Од:

Со инциденти, солзавец, шок бомби и приведени заврши протестот во Атина против рестриктивните мерки, карантинот и употребата на маски. Околу 400 луѓе кои се противат на мерките се собраа на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот Парламент, откако се организираа на социјалните мрежи.

Судирите започнаа кога еден од демонстрантите фрли портокал кон полицајците, а тие возвратија со солзавец и шок бомби за да ги растераат демонстрантите, собрани и покрај карантинот, на два часа пред почетокот на полицискиот час во Атина.

Демонстрантите носеа голем транспарент на кој заштитните маски се споредуваат со поводник за животни и со кој се бара „да ни се вратат животите“. Некои од учесниците во протестот носеа грчки знамиња и ја пееја националната химна.

Судирите избија откако еден од демонстрантите фрли портокал врз полицајците, кои возвратија со солзавец. Неколкумина беа уапсени, а на една жена мораше да ѝ се укаже медицинска помош откако се онесвести.

Грција воведе строги мерки, карантин и полициски час уште од почетокот на ноември, а мерките неодамна беа продолжени до март, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Казната за неносење заштитна маска изнесува 300 евра.

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он