(ВИДЕО) Илјадници работници се обидоа да влезат во парламентот во Сараево

Од:

Неколку илјади работници протестираат во Сараево пред зградата на Федералниот парламент каде се одржува седница на која треба да се разгледува предлогот закон за работа.

Работниците организирано пристигнуваат на протестот од сите градови на Федерацијата. Голем број полицајци и припадници на специјалните полициски сили го обезбедуваат протестот, но и амбасадите кои се наоѓаат во близина на парламентот.

Протестот е организиран од претставниците на Сојузот на самостојните синдикати на БиХ, со цел да се искаже незадоволството од предлозжениот закон за работа, кој според нив е лош за работниците, а добар за власта.

Тие бараат да се повлече предлог законот, и нагласуваат дека владата без никакви консултации и согласност од Економско-социјалниот совет го усвоила законот и го испратила во парламентарна процедура.

Во еден момент ситуацијата стана напната кога дел од работниците се обидоа со сила да влезат во парламентот, но беа спречени од полицијата.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина