ВИДЕО: Илјадници граѓани излегоа на улиците на Србија против блокадите

Од:

Во десетина градови во Србија повторно беа организирани собири на граѓани кои се спротивставија на антивладините протести и блокади.

Митинзите беа органзирани од провладината организација Центар за социјална стабилност од Нови Сад, а собраните носат српски знамиња и балони на кои пишува „Нема да ја дадеме Србија“, „Граѓани против блокади“ и „Сакам да учам“.

Премиерот на Србија, министри и функционери на владејачката Српска напредна партија беа исто така на протестните прошетки.

Овие собири се организираат по трет пат во последните две недели како реакција на десетмесечните протести предводени од студентите, кои бараат одговорност од властите за смртта на 16 лица при падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад.

„Ја сакам назад мојата Србија“ е пораката на транспарентите што ги носат поддржувачите на владата, Вршац, 20 август 2025 година.

Голем број припадници на жандармеријата во опрема за разбивање демонстрации беа распоредени во кордон на границата помеѓу предградијата Ветерник и Футог во Нови Сад.

Тие стоеа спроти демонстрантите кои се собраа за да го изразат своето несогласување со митингот и маршот на поддржувачите на владата.

Градоначалникот на Нови Сад Жарко Миќин, премиерката на Војводина Маја Гојковиќ и претседателот на Српската напредна партија Милош Вучевиќ учествуваа на прошетката во Ветерник.

Во Белград, премиерот на Србија Ѓуро Мацут, министерот за правда Ненад Вујиќ, директорот на Канцеларијата за јавна и културна дипломатија Арно Гујон и директорот на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ им се придружија на маршевите во Белград.

Би можело да ве интересира

Украдениот хеликоптер од Австрија детектиран во Хрватска: сопственикот бара помош во потрагата

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Силна експлозија во центарот на Атина: Загинаа американски државјани, цела зграда се урна

Предраг Петровиќ

Во Загреб пронајдени распаднати човечки останки, припаѓаат на поранешен хрватски ММА борец

(ВИДЕО) Студенти од Србија нападнати во Вишеград: Непожелни се во Република Српска