(ВИДЕО) Хаос во Словенија: Поплавени домови, отсечени села, евакуации

Од:

Големо невреме синоќа ја зафати Словенија, а словенечката агенција за животна средина издаде црвено светло на предупредување за северниот дел на земјата.

Најпогодени се Марибор, Цеље, Птуј, Крањ, Нова Горица, Словењ Градец и главниот град Љубљана. Во текот на ноќта наврнале 100 и 200 литри на метар квадратен, што е еднакво на месечната количини на врнежи.

Неколку села се отсечени, од остатокот од земјата, евакуирани се три кампа.

На социјалните мрежи постојано се објавуваат снимки од катастрофалната состојба во полавените делови.

Некои патишта се затворени поради последиците од невремето. Според најавите од метеоролозите, пороен дожд ќе врне цел ден.

Според информациите од медиумите во Словенија, на терен се 168 противпожарни единици. Управата за заштита и спасување во последните 12 часа евидентирала 1000 несреќи.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски