(ВИДЕО) Хаос во Белград: Антиваксерите на улица, расчинетиот монах Антоније фрла јајца кон полицијата и кон новинарите

Од:

Околу 1.000 антиваксери, кои протестираа низ улиците на главниот град во Србија, се собраа на платото во близина на Филозофскиот факултет.

Како што пренесува српски „Блиц“ од местото на настанот, полицијата се групирала, а биле фрлени и факели. Полицијата ги опкружила демонстрантите за да спречи поголеми немири.

По првичните тензии, ситуацијата полека се смирува, пренесуваат српските медиуми. Еден од организаторите против вакцинацијата започнал да држи говор против вакцинацијата.

Во еден момент, група демонстранти продолжиле да прават немири пред Владата на Србија, каде што расчинетиот монах Антоније фрлал јајца врз полицијата и врз новинарите, по што, како што пишуваат некои медиуми, тој бил тргнат настрана.

Денеска во Белград, заедно со Парадата на гордоста, околу 17.30 часот започна протестната прошетка организирана од противниците на вакцинацијата против коронавирусот.

Пристапот кон центарот на Белград, Теразије, бил блокиран од полицијата, и по околу 15 минути, тие ја пуштиле групата да помине понатаму кон Теразије.

Тие носеле знамиња на Србија и на различни движења, некои од нив носеле икони, а бил поставен и транспарент „Сложноста ќе го порази ѓаволот“.

Од говорницата било изразено „гадење“ од Парадата на гордоста.

Центарот на Белград е блокиран и само граѓаните што живеат таму можат да дојдат до своите домови преку централните градски улици.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“

(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Катерина Ѓуровски