ВИДЕО: Грешка со патниците од Скопје направи хаос на аеродромот во Белград

Од:

Комплетно се блокирани летовите на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград. Во тек е евакуацијата на сите патници од зградата, а сите ќе треба уште еднаш да поминат низ безбедносната контрола што веќе ја поминале, неофицијално дознава „Блиц“.

Како што дознава „Блиц“, тоа може да предизвика доцнење и забавување на воздушниот сообраќај од белградскиот аеродром.

Проблемот во безбедносната контрола на аеродромот настанал, наводно, кога патниците кои долетале од Македонија по слетувањето влегле во автобусот, кој по грешка ги однел на погрешен гејт.

Така завршиле во транзитната зона, каде што не треба да бидат бидејќи Македонија не спаѓа во групата земји кои ги имаат потребните дозволи за тоа.

Патниците од Скопје се запрени и потоа ќе мора да ги поминат сите безбедносни контроли за да може да продолжи нормалното функционирање на патничкиот сообраќај на аеродромот.

Се проценува дека прекинот ќе трае најмалку два часа.

Би можело да ве интересира

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

ВИДЕО: Нападнати студентите кои го блокираат Правниот факултет во Белград, седуммина повредени

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија