(ВИДЕО) Гори хотел на планината Голија во Србија, гостите се евакуирани

Од:

Пожар избувна во хотелот „Гулаб“ на планината Голија, пишува 192_rs, и како што може да се види на снимката, пожарот се проширил на покривот и продолжил брзо да се шири. Пожарот пламти во сите правци, а пламените јазици го зафаќаат покривот. Ветерот носи чад во сите правци.

Сè уште не е познато дали има повредени, ниту пак околностите под кои се случил пожарот. На местото на настанот е и полицијата.

Пожарот сè уште се гаси, а пожарникарите се борат да го локализираат пожарот. Сепак, пожарникарите се соочуваат со голем проблем. Имено, целата ситуација ја влошува силниот ветер што неконтролирано дува на оваа српска планина.

„Пожарот сè уште се гаси, засега немаме информации дека некој е повреден, а сите се евакуирани. Причината за пожарот ќе ја утврди истрагата“, изјавија од Полициската управа на Нови Пазар за Telegraf.rs.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане