ВИДЕО: Големо невреме и поплавени села во Словенија, портокалов алрм во Хрватска

Од:

Пороен дожд почна синоќа во Словенија. Според досегашните симулации на метеоролошките модели, најголеми количини на врнежи се очекуваат на северот и југоисточниот дел на Словенија, но локациите на местата со обилни врнежи тешко може точно да се предвидат, јавува Метеоинфо Словенија.

„Денешниот развој на невремето ќе се разликува од претходните бури бидејќи временските нарушувања ќе наликуваат на есенски дождови. Температурите се високи, а воздухот е влажен, комбинација што ќе предизвика бурно време. Повторени и обилни врнежи исто така ќе се повторат во истите области“, предупреди Бране. Грегорчич од Арс Локално за помалку од 36 часа може да наврнат до 200 литри дожд, што вообичаено е месечна количина, предупредија вчера попладне.

Утрово има поплави низ цела западна и северна Словенија. На некои места во северна, северозападна и дел од централна Словенија веќе наврнаа повеќе од 100 милиметри дожд, пишува 24ur. Поплавени се повеќе места, а во текот на денот се очекува уште повеќе излевање на реките.

Преупредување за невреме и можни полави е издадено и за Хрватска, четири региони се по портокалов аларм.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин