(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Од:

Силно невреме ги погоди грчките острови, а најлоша е состојбата на Крит, објави Прототема. На Парос и Миконос, властите се зафатени со отстранување на превртените автомобили и остатоци по силните дождови и град. Невремето во понеделникот предизвика поплави на Парос.

Локалните власти побараа итна владина помош за поправка на патишта и инфраструктура. И соседниот Миконос беше погоден од силен град и бурни ветрови. На Крит спасувачките екипи евакуираа седум лица затрупани во возила поради поројни поплави.

Исто така, забележани се лизгање на карпи и затворање на патишта откако невремето во текот на ноќта се пресели југоисточно. Според податоците на Националната опсерваторија во Атина, најобилните врнежи во последните 24 часа имало во близина на пристаништето Ханија. На Родос ураганските ветрови корнеа дрвја и оштетија возила.

Поради невремето затворени се училиштата на неколку острови, а делумно или целосно е прекинат траектниот сообраќај. Катастрофите дојдоа само неколку недели откако серијата земјотреси го погодија Санторини и околните острови Иос, Аморгос и Анафи.

Силно невреме ги погоди Кикладите и Евија, а предупредување беше издадено и за островите во источниот дел на Егејското Море, вклучувајќи ги Хиос, Самос и Икарија.

Според грчката метеоролошка служба, највисоки дневни врнежи во понеделникот се забележани на Миконос 71,6 милиметри, од кои 65 милиметри паднале во рок од два часа.

Би можело да ве интересира

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани