Големо невреме ја зафати и Србија. Силен дожд, ветер и град имаше во неколку региони од земјата. Во Белград улиците се преплавија со вода откако главниот српски град попладнево се соочи со силен дожд, а во некои делови и град. Во една населба поплавени се околу 20 куќи јавуваат српските медиуми.
Во околината на Нови Сад, ветерот бил толку силен што корнел дрјва. Во Владичин Хан паѓал град со големина на орев. Невремето било толку силно што го запрело сообраќајот во градот сведочат жителите.
На автопатот во близина на Пирот водата се излеала на патот па сообраќајот се одвивал отежнато.
Pada grad u BGu pic.twitter.com/fDwoNOpboI
— Car Šćepan Mali (@ScepanCar) July 18, 2021
Претходно во текот на денот, поради удар на гром, се расипа жичарница на Златибор. Шест луѓе кои се наоѓаа во кабините беа итно евакуирани.