(ВИДЕО) Големи пожари избувнаа на неколку места во Црна Гора

Од:

Големи пожари избувнаа на неколку места во Црна Гора. Голем пожар избувна во градот Горни Рогами во близина на Подгорица, а некои домаќинства беа евакуирани.
РТЦГ известува дека има загрозени згради и дека сите надлежни служби се на терен.

Страшен пожар избувна и во месноста Пипери.

Огнената стихија се шири над Чањ.

Според раководителот на Службата за заштита и спасување на Бар, Ацо Вулевиќ, ситуацијата е сериозна бидејќи пламените јазици се закана за станбените згради.

Тој нагласи дека се распоредени сите расположиви екипи и дека се вложуваат максимални напори за заштита на населбите во овој дел од општината, објавува порталот Барски.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски