ВИДЕО: Голем пожар во Нови Сад, загинаа родители и четирите деца

Од:

Во Нови Сад ноќеска околу 2 часот и 30 минути избувнал голем пожар во семејна куќа на раскрсницата од улицата Ѓорѓа Дера и улицата Давид Рацковиќ во населбата Салајка. Во пожарот има шест жртви, изгоре цело семејство.

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во пожарот загинале шест лица – родители и четири деца.

Телата на жртвите се пренесени во Центарот за судска медицина, а припадниците на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан“, рече министерот.

На терен се полицијата, пожарникарите и брзата помош. Полициската истрага е во тек. Според првичните информации, се сомнева дека пожарот избувнал поради електрични инсталации, односно електричен велосипед кој бил на полнач.

„Видов дека гори. Почнав да ги довикувам, но не ме слушнаа“, изјави за Телеграф првиот сосед на семејството на жртвата. Инаку, Салајка е една од постарите области на Нови Сад.

Би можело да ве интересира

30-дневен притвор за поранешниот српски министер Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Мајката на починатата Ангела: Доживотна затворска казна не е доволна за 15 човечки животи

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Весиќ: Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицијата

Катерина Ѓуровски