ВИДЕО: Голем пожар во Белград, огнот се гасеше и со брод од Дунав

Од:

Нешто по девет часот локализиран е пожарот во белградската населба Дорчол каде рано утринава се запали магацин. Густ црн чад се издигаше над населбата и можеше да се забележи од голема оддалеченост.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, нема повредени во инцидентот.

Станува збор за приватен магацин во кој главно се складира хартија и картони.

Повремено пукаше стакло и се слушааа помали детонации. Реонот е блокиран, а во тој дел од градот е создаден метеж бидејќи полицијата го пренасочува сообраќајот.

На местото на пожарот се наоѓаат 13 пожарникарски возила и 46 пожарникари кои се обидуваат да го изгаснат големиот оган. Пристигна и брод со 50 пожарникари кои огнот го гасеа од другата страна на магацинот.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски