(ВИДЕО) Гаф на Брамерц: Претседателката на Србија, Колинда Грабар Китаровиќ

Од:

Главниот хашки обвинител Серж Брамерц на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ ја нарече претседателка на Србија.

Во воведното поздравување на присутните од страна на Брамерц тој посебно ја поздрави и ѝ се заблагодари на Китаровиќ, за која што рече дека е претседателка на Србија, што наиде на смеење кај дел од присутните. Тој брзо се исправи и се извини.

Покрај делегацијата на Хаг и претставниците на постојаните членки на Советот за безбедност, на седницата во Њујорк присуствуваа и функционери од земјите од регионот.

Хашкиот трибунал со пресудата за босанските Хрвати ја заврши својата работа, а го наследува механизам овластен да води и затвора случаи за кои е покрената тужба пред Хашкиот трибунал.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски