Една жена е убиена, а најмалку пет лица се повредени во престрелка во угостителски објект во Тирана. Жената која е убиена, на возраст од околу 60 години, била вработена во објектот.
Престрелката се случила синоќа околу 21 часот.
Албанските медиуми пренесуваат дека полицијата потврдила оти угостителскиот објект бил сопственост на лице со криминално досие.
„За расветлување на овој настан, формирана е посебна истражна група и под раководство на Обвинителството, интензивно се работи на расветлување на околностите на настанот, земање на докази кои ќе послужат за расветлување на настанот, легитимирање и фаќање на сторителите“, велат од полицијата.
Дел од албансите медиуми пренесуваат дека повеќе од две лица учествувале во престрелката.