(ВИДЕО) Додик сосема ги изгуби нервите: Ми се е*е за тебе

Од:

По бурната расправа во парламентот на Република Српска каде што имаше и шлаканици и закани, напнатата ситуација продолжи и во ресторанот на законодавниот дом.

Во текот на расправата за документот со кој се одредува нивото на соработка на БиХ со НАТО дојде до караница помеѓу опозицискиот пратеник Драшко Станивуковиќ и министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукач од кого доби шлаканица.

Седницата потоа беше прекината, но хаосот настана кога на говорницата се појави српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик кој сосема ги изгуби нервите па на пратеникот на СДС, Небојша Вукановиќ му порача дека е „будала и шизофреничар“. Додик дури кажа и дека ќе донесе ако треба медицинска документација за да докаже, а претседателот на парламентот го предупреди дека не може така да се однесува.

Напнатоста продолжи и подоцна во бифето на собранието, а снимката како Додик го пцуе Станивуковиќ е поставена на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Додик: Надворешно-политичкиот сегмент на БиХ е целосно уништен

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Обвинителот бара затвор за Додик и 10-годишна забрана за политичка активност

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее