Додик: Босна и Херцеговина нема шанси да преживее

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик денеска изјави дека бројни невладини организации, медиуми и новинари биле финансирани од САД преку УСАИД и дека е неопходно во Република Српска да се регулира финансирањето на таквите организации кои во изминатиот период добиле околу 400 милиони долари во Босна и Херцеговина.

– САД, преку амбасадори како Мајкл Марфи, го финансираа распаѓањето на Босна и Херцеговина, и мислам дека тоа го направија успешно. Босна и Херцеговина нема шанси да преживее, рече Додик.

Претседателот на Република Српска рече дека нетранспарентното и штетно трошење на средствата на американските граѓани го препознал и претседателот Доналд Трамп, кој го укина финансирањето на невладините организации и секоја друга финансиска помош за земјите на сите континенти.

Тој изјави дека дури и најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп, како Илон Маск, оцениле дека УСАИД е фашистичка организација која обезбедува средства ширум светот.

„Во последните неколку години и дадоа 400 милиони долари на Босна и Херцеговина. Тоа се „подземни“ операции и тоа не е видливо. Би било видливо ако толку пари отишле во Германија, а не кај нас. Тоа беше поддршка за невладините организации, медиумите и новинарите кои се распродадоа“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Распишана потерница по Додик

Судот на БиХ нареди апсење на Милорад Додик

Горан Наумовски

Додик: БиХ никогаш не функционирала како обединета држава

Додик: Формираме суд и обвинителство, а првообвинет ќе биде Кристијан Шмит

(ВИДЕО) Вучиќ: Србија никогаш нема да го поддржи апсењето на Милорад Додик