ВИДЕО: Демонстрантите бесни на новите ковид мерки се обидоа да влезат во бугарскиот Парламент, повредени полицајци

Од:

Во Бугарија дојде до судир меѓу полицијата и учесниците на протестот, кои се противат на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот.

Судирот се случи кога демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на Парламентот во Софија.

Полицијата ги спречила демонстрантите да упаднат во зградата и привела неколку од нив.

Во текот на судирот повредени се неколку лица, меѓу кои има и полицајци.

Речиси 1.000 учесници на протестот кои вееја бугарски знамиња и пееја патриотски песни, останаа на плоштадот пред Парламентот, од каде порачаа дека не планираат да се тргнат додека не се исполнат нивните барања да се укине задолжителното носење маски и поседување на зелени ковид пропусници.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Рокас: Соработката меѓу Македонија и Бугарија сега е повеќе важна е кога и да било

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Возач во Бугарија возел со 3,04 промили алкохол во крвта, казнет е со 18 месеци затвор

А1он

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“