ВИДЕО: Демонстрант на протестите во Софија истури вода врз жена, а таа го удри со бастунот

Од:

На денешниот антивладин протест во бугарскиот главен град се случи инцидент, кога демонстрант истури вода врз жена, која потоа го удри со својот бастун.

Според информациите пренесени од бугарските медиуми, жената била лута и почнала да ги критикува демонстрантите поради непријатностите предизвикани од протестите – ѝ пречело ѓубрето на улиците и хаосот во сообраќајот што демонстрантите секојдневно го создаваат поради блокирање на клучните булевари.

По конфликтот, двете лица биле однесени во полициска станица.

Трет ден по ред, поставен е шатор кај Орловиот Мост, на една од главните клучки во главниот град, кој за време на протестот стана симбол на незадоволство од актуелната влада. Демонстрантите одбиваат да се тргнат од мостот, јавуваат бугарските медиуми.

Демонстрантите велат дека нема да се повлечат сè додека премиерот Бојко Борисов и државниот обвинител не поднесат оставка.

Би можело да ве интересира

Притвор за петмина насилници од денешните протести пред Градското собрание на Белград

Во инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ