Околу стотина членови на „Бугарскиот културен клуб“ вчера пред споменикот на Даме Груев во Смилево, ја прославија 110 годишнината од Илинденското востание.
Датумот е одбран според стариот календар.
Претседателот на клубот, Лазар Младенов, пред присутните рече дека македонските Бугари биле дискриминирани и дека сите биле изложени на говор на омраза, заплашување, судски прогони.
Во Смилево дојде и Красимир Каракачанов, лидерот на бугарската политичка партија ВМРО-СМД.
„Да се почитуваат правата на сите граѓани. Тие што сакаат да бидат Македонци, нека бидат Македонци. Тие што сакаат да бидат Бугари, нека бидат Бугари“, рече Красимир Каракачанов , пренесе ТВ Алфа.
И оваа прилика беше искористена за спомнување на заедничката историја на Македонија и Бугарија, при што Даме Груев беше нарекуван како еден од најголемите бугарски патриоти.
Видео: ТВ Алфа