(ВИДЕО) Брутално убиената Анастасија кобната ноќ е снимена на мотор со главниот осомничен

Од:

Грчката телевизија ЕРТ објави едно од последните видеа на кои наводно се гледа Анастасија Рубинска која исчезна, а подоцна нејзиното тело е пронајдено во ров на островот Кос.

На објавената снимка, маж од Бангладеш и Анастасија можат да се видат како се возат на мотор во понеделникот, вечерта на 12 јуни.

Инаку, осомничен за нејзиното убиство е маж од Бангладеш (32) со кој наводно била снимена ноќта кога исчезнала. Наводно и пред тоа биле кај него дома, што го потврдил и неговиот цимер, но тој истакнал дека девојката претходно не ја видел.

Како што претходно соопштија од полицијата, таа вечерта му испратила неколку пораки на своето момче Михаил, кој прв почнал со потрагата.

Часовникот на камерата покажува 00:08:16 во вторник, но според сопственикот на куќата, часовникот се движи нанапред еден час и девет минути, што значи дека вистинското време кога ја напуштиле куќата на мажот од Бангладеш било 22:59 часот.

Исто така, на друга снимка, два дена по злосторството, се гледа како 32-годишен маж поминува покрај истата камера, оди кон местото каде што наводно била убиена 27-годишната Анастасија и се враќа по 11 минути.

Тој е во притвор како главен осомничен, а семејството на Анастасија нагласи дека нема сомнеж дека нејзиното момче е вмешано во убиството.

Да потсетиме, телото на несреќната Анастасија е најдено во распаѓање и е пронајдено завиткано во чаршаф и две кеси за ѓубре и „скриено“ под гранки и трева зад грмушка. Жртвата имала лисици на рацете, нејзиното голо тело имало набиеници и повреда на главата, додека судскиот вештак Панајотис Котрекоспо утврдил дека се работи за гушење и насилна смрт од задушување, за кое се уште не се знае дали е предизвикана од јаже или со рака.

Мобилниот телефон на Анастасија бил испратен во форензички лаборатории за дополнителна анализа која покажала дека мажот од Бангладеш ги избришал фотографиите и сите повици што ги упатувал ноќта на убиството.

Би можело да ве интересира

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија

Горан Наумовски

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

Грчко МНР: Сиљановска го прекрши Преспанскиот договор и Уставот на земјата

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Провокација од Сиљановска, ја нарече земјата „Македонија“

Катерина Ѓуровски

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Руски наредник уби командант и пет војници