(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Од:

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска ги повика Ректорскиот колегиум, деканите, професорите, проширениот Ректорски колегиум и ректорот Владан Ѓокиќ да одговорат кој во име на Универзитетот во Белград учествувал, како што наведе, во обидот за воен удар и граѓанска војна.

„Кој учествуваше во ова и кој и потврди на Марија Васиќ дека се во контакт со синдикатите во српската армија, дека преговараат со Армијата како белградски универзитет и дека Белградскиот универзитет гарантира дека армијата ќе излезе на улица и дека ќе реагира?, праша Брнабиќ.

Брнабиќ додаде дека ректорот Ѓокиќ и проширениот Ректорски колегиум мора веднаш да одговорат на овие прашања од српската јавност.

„Не попладнево, не вечерва, не утре, туку веднаш. Кој, како што вели професорката Марија Васиќ, најавил дека војската ќе биде подготвена и ќе дојде на нивен повик, на повик на Универзитетот во Белград во случај на акција?, нагласи Брнабиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

Брнабиќ ги осуди пораките за родителите на Вучиќ: Кукавици и садисти, вие сте срамот на Србија!

А1он

„Србија потсетува на Унгарија, но и на Украина“: Си-Ен-Ен ги анализира адутите на студентското движење што доведоа до падот на Вучиќ

(ВИДЕО) „Сакаш да ме јаваш?“, се појави нов агол од конфронтацијата на Ана Брнабиќ со приврзаниците на „Студентската листа“

Горан Наумовски

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он

Брнабиќ: Статијата на „Форбс“ открива поради што се случи трагедијата во Нови Сад