ВИДЕО: Блокадерите фрлаа со камења кон полицијата, се разбегаа кога тргна во акција

Од:

Демонстрантите кои вечерва дојдоа на покана на студентите во блокада се собраа во близина на Генералниот штаб на улицата Кнез Милош, полицијата ги потисна и ги спречи да се приближат до просториите на Српската напредна партија, кои се наоѓаат во близина.

Вечерва, за разлика од синоќа, на улицата имаше повеќе блокади, па полицијата мораше да го помести кордонот поблиску до зградата на Владата на Србија.

Во еден момент, демонстрантите тргнаа од Генералштабот кон просториите на СНС, но полицијата веднаш реагираше и ги потисна кон зградата на Владата на Србија.

Во таа прилика, демонстрантите почнаа да фрлаат камења и шишиња, кои ги погодија и неколку припадници на медиумите. Тоа беше моментот кога почна акцијата на полицијата по што се се разбегаа сите демонстранти по повеќе улици, дел отидоа во паркот дел на кружниот тек. Претходно во интервју на РТС, српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека невозможно е со сила да се смени власта во Србија.

Би можело да ве интересира

Го уби љубовникот на сопругата, го осудија на 20 години затвор – сега доби намалување на казната

А1он

Српски „ловци“ следеа авион на „Виз ер“ поради закана со бомба

А1он

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

(ВИДЕО) Вучиќ: Инвеститорите ја напуштаат Србија

Атина: Повеќе од 50 лица вооружени со палки упаднаа на еден собир и фрлија молотови коктели