Вестервеле во Белград

Од:

Вицепремиерот Александар Вучиќ, денес на аеродромот Никола Тесла во Белград, го пречека шефот на германската дипломатија, Гидо Вестервеле.

Се очекува Вестервеле утре да разговара со претседателот Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ.

Тој ќе ја посети и Приштина во пресрет на новата средба во Брисел помеѓу Дачиќ и косовскиот премиер Хашим Тачи, на повик на високата претставничка на ЕУ, Кетрин Ештон за која ќе се разговара за примена на договорот од 19-ти април.

Со констатација дека Германија дава поддршка за евроинтеграција на државите од западниот Балкан, Министерството за надворешни работи на Германија, оцени дека се уште треба да се совладаат конфликтите, помеѓу Србија и Косово.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија