Венизелос сака земјава да има единство и да се развива

Од:

„Историскиот регион на грчката држава е различен од ентитетот на нашата соседна држава. Ова име да биде за секоја употреба, тоа е значењето на ерга омнес. Врз основа на ова, ние сме подготвени на многу конкретни начини да ја поддржиме веднаш и со голема брзина интеграцијата на нашата соседна држава во ЕУ и во НАТО и да помогнеме со развојните перспективи, бидејќи сме нејзин најсигурен и најефективен партнер“ – изјави Евангелос Венизелос на денешната прес-конференција во Атина.

Денешниот јавен настап на шефот на грчката дипломатија е прв по неговото враќање од Њујорк каде тој се сретна со македонскиот министер Попоски – состанок кој, според изјавите, не донел ништо ново.

Венизелос порача дека сигурен начин за земјава да добие грчка поддршка за членство во ЕУ и НАТО е изнаоѓање заеднички прифатливо решение кое ќе биде во согласност со грчките црвени линии, за кои тој изминатите денови во Њујорк ги информира Бан Ки-мун и американскиот потпретседател Џо Бајден. Венизелос дообјасни дека црвените линии се сложено име со географска одредница која ја разграничува Македонија од грчката Македонија, која, како што посочи, е регион во Грција, кој се состои од три префектури.

Според него Грција е таа која постојано праќа пораки на пријателство и добрососедски односи, но очекува на види исто такво однесување и од македонската Влада. „Очекуваме однесување кое се заснова на меѓународното право и добрососедските врски, кои се основен критериум за интеграција во ЕУ и во НАТО за сите држави“ – изјави Венизелос. „Сакаме оваа држава да има единство, да е обединета и да се развива,, – рече шефот на грчката дипломатијата.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски