Венизелос: Грција ќе се стреми кон проширување на соработката меѓу ЕУ и БСЕЦ

Од:

Грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос денеска изјави дека Грција ќе се стреми кон проширување на соработката меѓу Европската унија и Организацијата за црноморска економска соработка (БСЕЦ).

– Црноморскиот регион е важен во областа на транспортот и енергетиката бидејќи ги поврзува истокот и западот и е динамичен пазар со 350 милиони жители, што несомнено предизвикува меѓународен интерес, посочи Венизелос, чија земја од 1 јули го презема шестмесечното претседателствување со БСЕЦ.

Тој наведе дека сега е моментот за поблиска соработка меѓу БСЕЦ и ЕУ.

– Претпоставувам дека Грција, која овој месец го завршува шестмесечното претседателствување со ЕУ, дала значителен придонес за тоа, наведе шефот на грчката дипломатија.

Венизелос претставувајќи ги приоритетите на грчкото претседателствување најави дека на есен е планирана средба на министрите за туризам на земјите-членки на Организацијата за црноморска економска соработка.

БСЕЦ е меѓувладина организација во која членуваат 12 држави од црноморскиот регион и Јужен Балкан (Азербејџан, Албанија, Бугарија, Грција, Грузија, Ерменија, Молдавија, Романија, Русија, Србија, Турција и Украина). Организацијата е формирана на 1 мај 1999 година, врз основа на Договорот за црноморска економска соработка од 125 јуни 1992 година. Седиштето на Организацијата е во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски