Велислава Петрова: Ситуацијата во Украина ескалира

Од:

Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова на вонреден брифинг изјави дека моментално ситуацијата во Украина ескалира.

Ккао што соопшти дописникот на МИА од Софија, според Петрова, позицијата на Бугарија е јасна и земјата продолжува да го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

На веб-страницата на Министерството за надворешни работи во моментов се регистрирани 84 бугарски државјани во Украина, од кои шест изразиле желба доколку има потреба да бидат евакуирани.

Петрова во наредните денови најави дека е планирано и патување на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска заедно со колеги од балтичките земји во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8