Велештрумф стана симбол на српскиот бунт во Црна Гора

Од:

Црвена, сина и бела-боите на српското знаме последниве денови се најголемиот проблем во Црна Гора. Боите кои асоцираат на српската тробојка се појавуваат на секој ќош, а полицијата деноноќно ги брише и ги казнува активистите поради ова.

Социјалнит мрежи се преплавени со фотографии од сите јавни површини со српската тробојка и со порака дека полицијата нема толку луѓе да стигне да ги избрише сите места.

Трафостаници, ѕидови на куќи, клупи, се е црвено, сино и бело. Тоа е резултат на српскиот отпор кој стана активен по носењето на законот со кој се одзема имотот на Српската црква во Црна Гора. Но наместо да се реши тој проблем со црквата, државата без да сака отвори уште еден проблем, многу поголем –српското прашање во Црна Гора.

Србите кои досега молчеа, сега ги бараат сите права во Црна Гора како малцинство кое според пописот се близу 30 проценти. Протестните литии од глас против одземање на имотот на СПЦ се претворија во национално освестување и идентификување. Власта во Црна Гора е немоќна-насекаде се бришат тробојките, но не може да постигне.

На удар се најде и учителка од Бар против која е покрената дисциплинска постапка бидејќи на децата на час им дала задача да ја цртаат српската тробојка. Она што медиумите во Црна Гора не го кажаа е дека децата на истите цртежи го нацртаа и Велештрумф, кој стана симбол на отпорот поради тоа што ги има истите бои како тробојката.

Сите што се отпуштаат од работа поради учество на литиите на СПЦ, веднаш добиваат работа од српски бизнисмени и фирми во Црна Гора.

Луѓето се сетија и дека полицијата и комуналците не се надлежни за нивните сателистски антени и фасадите од приватните куќи па српската тробојка изникна на многу места.

Некои од граѓаните поради протест и провокација кон власта внимаваат дури и по кој редолсед ги паркираат возилата.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија