Вашингтон му се налути на Ердоган поради средба со претставници на Хамас

Од:

Соединетите Американски Држави денеска изразија несогласување со потегот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој изминатиов викенд се сретнал со претставници на палестинското движење Хамас, кое е на листата на терористички организации на Вашингтон.

Според портпаролката на Стејт депарментот, Морган Ортагус, американската администрација силно се противи на приемот на двајцата водачи на Хамас од страна на Ердоган во Истанбул на 22 август.

Ортагус рече дека „продолжувањето на овие односи ќе ја изолира Турција од меѓународната заедница“. Таа исто така објасни дека САД ја сметаат Хамас за терористичка организација, а Вашингтон има и распишано награда за информации кои ќе доведат до апсењето на еден од двајцата претставници на движењето што ги примил Ердоган – шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Турција во целост ја отфрла изјавата на американскиот Стејт департмент „кој непримерно го коментираше приемот што го приреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за претставниците на палестинското движење Хамас“, јави агенцијата Анадолија.

– Кон изградба на мирот и стабилноста нема да придонесе тоа што легитимните претставници на Хамас, кои дојдоа на власт во Газа на демократски избори, се нарекуваат терористи, се вели во соопштението, пренесува Анадолија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трагедија во Турција: Загина четиричлено семејство

Осомничениот за нападот во Москва е приведен во Бодрум

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се смирија палестинските фракции, Хамас и Фатах потпишаа договор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

Повеќе од 100 пожарникари се борат со шумскиот пожар во Јута

Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Газа