Вархеји: Треба да воспоставиме стабилност во Западен Балкан

Од:

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката пресконференција со албанскиот премиер Еди Рама, во Тирана, изјави дека е потребно воспоставување стабилност во Западен Балкан а преговорите со Албанија и Северна Македонија да почнат за време на француското претседавање.

– Несомнено, треба да употребиме се што имаме во рака. Не може да има војна во Европа а Европа да не ја употреби сопствената моќ да го стабилизира западен Балкан. Вистина е дека во овој процес ние гледаме воспоставуваме долгорочна стабилност на Балканот. Не можам да дадам време за оние кои чекаат во овој процес за интеграција. Ние треба да донесеме одлука и да одиме напред во работата. Цел е оваа работа да заврши за време на француското претседавање.Мора да почнеме со вистинска интеграција на терен, изјави Вархеји.

Тој го поздрави, како што рече трпението на Албанија, барајќи истото да потрае.

– Во моментов не се одвојуваме од Северна Македонија, но доколку не почнат преговорите во јуни ќе побараме одвојување, рече премиерот Рама.

Во однос на руската агресија на Украина Вархеји и се заблагодари на Албанија за поддршката, и додаде дека со Рама имаат заеднички став дека војната мора веднаш да запре.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Мртов маж пронајден во својот дом во Кочани

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго