Ужас во Хрватска: На бебе старо 20 дена таткото му ја пукнал главата со метална шипка

Од:

На педијатрискиот oддел во болницата во Чаковец било донесено бебе старо 20 дена со повреди на главата. Примена била и неговата мајка која исто така имала повреди јавуваат хрватските медиуми.

Мајката и детето биле жртви на семејно насилство.

Како што јавува ХРТ, таткото кој бил во алкохолизирана состојба ја тепал сопругата по главата и рацете. Со метална шипка го удрил бебето кое мајката го држела во раце и му нанел длабока рана на главата.

Од болницата потврдиле дека бебето има повреди на главата и на ногата и дека е задржано поради можни компликации.

Бебето и мајката во болница ги донела Итна помош. Таткото насилник е приведен.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Далмација

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

39-годишен скопјанец ги истепал неговата мајка и сестра

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Пленковиќ: Владата ги заштити граѓаните од високите цени

ВИДЕО: Во Хрватска бојкот на продавниците поради превисоките цени

Катерина Ѓуровски