Преговорите меѓу Србија и Косово ќе продолжат утре во Брисел, соопшти денеска извор во косовската Влада.
Истиот извор информира дека косовскиот премиер Хашим Тачи го прекинал престојот во Љубљана, каде допатува по вчерашните неуспешни преговори со српските претставници во седиштето на ЕУ, и на барање на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон се вратил во Брисел.
Дипломатски извори во Брисел инфромираат дека ЕУ сака договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина да биде постигнат до понеделник, кога европските лидери треба да се изјаснат околу препораката за почеток на преговирите за членство на Србија во Унијата.
Вчерашната деветтата рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ заврши доџна синоќа без договор по 15 часа разговори. На разговорите, според српскиот преговарачки тим, Ештон понудила документ кој бил „значително поповолен за Србија од решенијата што досега се нуделе“.
Во обраќањето до новинарите по разговорите двете страни изразија подготвеност за продолжување на дијалогот и постигнување договор, но и со мошне остра реторика изнесоа различни предлози за спорните прашања.
Спогодбата, која била понудена на вчерашната рунда се состои од 15 точки, при што најспорна била точката 14, која се однесува евроинтеграциските процеси на Белград и Приштина.