Утре конституивна седница на новиот албански Парламент

Од:

Врз основа на указот потпишан од шефот на државата, Бујар Нишани, утре со почеток во 18 часот ќе се одржи конституивната седница на новиот албански Парламент, јави дописникот на МИА од Тирана.

Од вкупно 140 пратенички места, на изборите спроведени на 23 јуни, 83 се на изборната коалиција „Алијаса за европска Албанија“, предводена од социјалистите на Еди Рама, додека 57 на коалицијата „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ предводена од демократите на Сали Бериша.

Врз основа на договорот, нов спикер на албанскиот Парламент ќе биде Илир Мета, лидер на Движењето за социјалистичка интеграција.

Новиот законодавен дом, според тиранската телевизија Топ-чанел, ќе има релативно голем број пратенички групи, односно пет, две од левицата и три од десницата.

Најбројна е пратеничката група на Социјалистичката партија. а нејзин координатор ќе биде Грамоз Ручи.

Втора по бројност е онаа на Демократската партија. Демократските пратеници утре ќе одлучат кој ќе биде нивен координатор.

Пратеничката група на партијата на Илир Мета, Движење за социјалистичка интеграција, брои 17 пратеници, а за координатор треба да се одлучат меѓу Петрит Васили и Луан Рама.

Коалициските партнери на демократите, партијата на Чамите и републиканците, кои имаат пет односно четири пратенички места, се другите две десни пратенички групи, но за да исполнат цензусот од седум пратеници ќе „позајмат“ пратеници од редовите на демократите.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек