Во последните 24 часа во Косово се регистрирани 3.206 случаи на зараза со коронавирус, а нема смртни случаи предизвикани од инфекцијата, соопшти косовското Министерство за здравство.
Од последниот пресек на состојбата, тестирани се 11.883 лица. Во земјата има 15.247 активни случаи.