Уште 10 жртви на Ковид-19 во Косово

Од:

Во изминатите 24 часа во Косово се регистрирани 10 починати лица кај кои претходно било потврдено присуството на новиот коронавирус, со што бројката на жртви на епидемијата на Ковид-19 достигна до 236.

Сите починати, според косовските здравствени власти, имале и други потешки здравствени тегоби и страдале од дијабетис, кардиоваскуларни и други хронични болести.

Во текот на вчерашниот ден, официјално се евидентирани 224 новозаболени од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од појавата на епидемијата достигна до 8.554.

Вчера се евидентирани и 152 излекувани, а вкупната бројка на лица кои претходно биле дијагностицирани како заразени и ја совладале болеста достигна до 4.730.

Активни носители на вирусот во земјата се 3.588 лица. Вчера се извршени 434, а од почетокот на пандемијата, вкупно 36.943 тестирања.

Би можело да ве интересира

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор