УСАИД ќе инвестира седум милиони долари за развој на медиумите во регионов

Од:

Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) претстави во Сараево заедничка програма за помош на медиумите на Балканот.

„Б92“ пишува дека фокусот на програмата ќе биде ставен на развој на онлајн медиумите во Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово, а програмата во вредност од седум милиони долари ќе трае три години.

Амбасадорката на САД во Босна и Херцеговина – Морин Кормак, при презентација на програмата порача дека слободните медиуми се темелат на демократија, а во регионот, како што наведе, медиумите се под притисок на разни извори. Од тие причини програмата била осмислена како регионална, а насочена кон поддршка на независните медиуми и истражувачкото новинарство.

„Сакаме да помогнеме за развој на истражувачкото новинарство, бидејќи неговата улога во општеството е посебна, со оглед на тоа што известува за сето она што го прават корумпираните граѓани“, нагласи таа.

Додаде дека ќе им помогнат на медиумите да користат нови технологии, да склучат партнерства за рекламирање и огласување и да работат на развој на содржините што ги емитуваат.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот