Уругвајската полиција уапси двајца Црногорци и запленети речиси 500 килограми кокаин

Од:

Уругвајската полиција потврди дека се уапсени 16 лица и запленети се речиси 500 килограми кокаин.

Секретарот на МВР на Уругвај, Гиљермо Масиел, на прес-конференцијата оцени дека оваа операција овозможила уништување на криминална организација која се смета дека е поврзана со балканскиот клан, еден од, како што рече, најголемите организирани криминални групи кои дејствуваат во Европа.

Во текот на истрагата, агентите успеаја да идентификуваат 18 лица поврзани со криминални активности од септември 2022 година. Групата ја сочинуваа државјани од различни националности, 11 Уругвајци, тројца Боливијци, двајца Аргентинци и двајца Црногорци.

За време на акцијата, властите успеале да приведат 16 идентификувани лица, додека за другите две се води меѓународна потерница, се наведува во текстот што го пренесува „grupormultimedio.com“.

Идентитетот на уапсените црногорски државјани се уште не е соопштен, а дел од уругвајските медиуми вчера тврдеа дека тие веќе биле барани од Интерпол.

Севкупно, уругвајските власти заплениле 489 килограми кокаин, пари, четири возила, два чамци, трактор, револвер, пиштол и две пушки.

Според претставниците на уругвајското Министерство за внатрешни работи, проценетата пазарна вредност на запленетата дрога е околу 15 милиони евра.

Како што објаснија, дрогата била испорачана од Боливија во Уругвај, а кога пристигнала во таа земја, планот бил да се транспортира понатаму во Европа, каде нејзината вредност е поголема.

Би можело да ве интересира

Пронајдени се седум тони кокаин закопани на имот во Шпанија

А1он

Над 100 пакувања кокаин и хероин пронајдени кај скопјанец

ВИДЕО: 46 килограми кокаин откриени во контејнер за банани во пристаништето во Солун

Катерина Ѓуровски

Европол: Откриен синџир на трговија со кокаин, запленети 5,8 тони дрога, уапсени 32 лица

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Пресечен транспорт на два килограма кокаин на аеродромот во Скопје

Предраг Петровиќ