Унгарската полиција претепа новинарска екипа на РТС

Од:

Унгарските полицајци претепаа снимател, новинарка и тонец на српската државна телевизија и им ја скршија опремата иако знаеа дека се работи за медиумски работници.

Во ескалацијата на судирот помеѓу мигрантите и унгарскита полиција, повредена е новинарката на РТС, Јована Ѓуровиќ која е претепана од унгарските полицајци, по што и беше укажана прва помош од српските лекари на границата, а потоа беше префлена во Суботица, јави РТС.

Унгарските полицајци снимателот на државната српска полиција Владан Хаџи Николиќ го притиснале на ѕид и го удирале со пендреци по главата и грбот, а потоа му ја скршиле камерата.

На ист начин е претепан и снимателот на тон на телевизијата Мики Ѓурашиновиќ на кого му ја скршиле опремата.

Здруженито на новинари на Србија, веднаш реагираше со барање Унгарија да се извини за нападот и да ја утврди одговорноста за нападот врз новинарите.

-Не е дозволиво да се применува сила и кршење на меѓународните прописи за слобода и работа на новинарите, а Унгарија мора да обезбеди непречена работа на медиумите, реагираа од Здруженито на новинари на Србија.

Дваесетина припадници на српската полиција стигнале околу 17 часот на граничниот премин Харгош 2 кои биле пречекани со аплаузи од мигрантите. Тие ги убедиле мигрантите да се повлечат на српска територија, а бегалците за тоа време скандирале кон унгарската страна “Србија, Србија“.

Унгарската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да спречи влез на мигрантите на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Осми ден од блокадата на РТС, јавниот сервис емитува програма по изменет распоред

Горан Наумовски

Вработени во РТС: Ако никој не ни се обрати во најбрз рок, ќе сметаме дека раководството се повлекло и не може да раководи со јавниот сервис

А1он

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Продолжува студентската блокада на РТС

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот