Унгарија гради нова ограда на границата со Србија

Од:

На јужната унгарска граница со Србија се гради нова ограда, опремена со електрошокови за бегалците, сензори за топлина, камери и звучници, од кои ќе се објавуваат пораки на неколку јазици, пренесува Хина.

На врвот на бегалската криза во 2015 година, Унгарија беше на главната рута за стотината илјадници луѓе кои бараа засолниште во западна Европа. Поставената бодликата жица и новите строги закони го намалија приливот на бегалци на минимум, но Унгарија не сака да ризикува.

„Внимание, внимание. Ве предупредувам дека сте на унгарска граница. Доколку ја оштетите оградата, илегално ја минете или тоа се обидете да го сторите, во Унгарија тоа ќе се смета за криминал. Ве предупредуваме да не го правите тој криминал. Своето барање за азил можете да го предадете во транзитната зона“, се слуша од звучниците на новата бариера, на англиски, арапски и персиски јазик, пренесува Хина.

Т.н. „транзитни зони“ се два пункта на границата, каде илегален влез е дозволен за само 10 бегалци дневно. Здруженијата за заштита на човековите права тврдат дека тие се целосно неадекватни, дури и потенцијално илегални бидејќи создаваат чепови.

Новата, осветлена и челична ограда секој кој ќе ја допре ќе го погоди со електрошок, за кој извори тврдат дека е благ. Меѓу старата и новата ограда ќе патролира полиција.

Засега се направени само 10 километри од новата ограда, но службениците тврдат дека остатокот, од околу 140 километри ќе бидат довршени во следните два месеца и оти за изградба на истата се ангажирани околу 700 затвореници.

Унгарската Влада за оваа цел намени околу 123 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија