Украина: Орденот на Додик за Путин е награда од еден за друг терорист

Од:

Амбасадорот на Украина во Хрватска и Босна и Херцеговина, Сергеј Кирилич, ја опиша одлуката на лидерот на босанските Срби Милорад Додик да му го додели орденот на рускиот претседател Владимир Путин како „награда од терорист за терорист“.

„Терористите ги наградуваат терористите. Слугите ги наградуваат своите господари. И со првите и со вторите владее страв. По повод 9 јануари, кој во Република Српска се слави како ден на тој ентитет, Путин се одликува за „развивањето и зајакнувањето на пријателските врски меѓу Русија и РС“.

Оваа одлука Додик ја соопшти во текот на денот во Бања Лука, кога додели околу сто различни награди на поединци и институции, но рускиот претседател беше прв на неговата листа. Додик најави дека има намера лично да му го врачи Орденот на РС, како што се нарекува наградата што му ја додели на Путин, на рускиот претседател на нивната следна средба.

Би можело да ве интересира

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Додик: Ако САД имаат право на Гренланд, тогаш Србија има право и на Република Српска

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Се разгорува конфликтот за гас во Европа, Путин ги трие рацете

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер