Ученик во Лика бил незадоволен од оценката, се заканил дека ќе дојде со пиштол во понеделник

Од:

Ученик во основно училиште во Лика (Хрватска) најавил дека во понеделник ќе дојде на училиште со огнено оружје, пишува ХРТ. Тоа го направил затоа што не бил задоволен од оценката. Родителите се загрижени за безбедноста на нивните деца. Од училиштето тврдат дека за случајот ги известиле надлежните и стручни служби и се пријавиле во полиција.

“Немаше да ви се јавиме да не бевме загрижени. Моето дете не сака да оди на училиште. Веќе се плаши, а сега уште повеќе се плаши дека некој ќе го убие”, рекла мајката на еден ученик.

Директорот тврди дека бил интервјуиран ученикот кој ја упатил заканата, како и неговите родители.

„Наставникот писмено ги известил другите родители дека се преземаат сите потребни активности, дека нема причина за загриженост и дека училиштето ќе продолжи да се грижи за безбедноста на учениците. Родителите на учениците од нашето училиште ќе бидат известени навремено за сите потребни информации“, рече директорката.

Мајката на ученикот нагласува дека „тие се чувствуваат беспомошни бидејќи и претходно имало грди ситуации“.

Бруно Бенчариќ, психолог од Центарот за младинско здравје Загреб, објаснува дека ваквите ситуации не треба да се ставаат под тепих бидејќи тоа е всушност повик за помош.

„Повеќе се дискутира за тоа, една цел е да се дестигматизира, како резултат на тоа имаме силна потреба и барање помош уште на порана возраст, што е клучно бидејќи акцентот е ставен на раната интервенција“, рече тој.

Директорката најави дека ученикот кој ја изговорил заканата нема да дојде на училиште во понеделник. Заклучила дека ќе одлучи што понатаму во консултација со стручните служби.

Би можело да ве интересира

Гори над Дубровник: Пожарот се шири со молскавична брзина

Маж и жена се убиени во Славонски Брод

Горан Наумовски

Познатиот готвач рече дека „Хрватите јадат како свињи“, Хоудек се налути: Тоа е арогантно однесување

(ВИДЕО) Хрват збесна по поразот од репрезентацијата, па го демолираше телевизорот

Горан Наумовски

Хорор во Загреб: Маж шетал гол по улица и со секира кршел автомобили, а во неговата куќа пронајдено е тело на жена

A1on

(ВИДЕО) Ужас во Хрватска: Влета во смрт, пред несреќата објавувал видео како вози 200 на час

Катерина Ѓуровски