Еден турски војник е убиен, а тројца се повредени денеска во напад на бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) врз претставници на војници во југоисточна Турција, соопшти турскиот Генералштаб.
Нападот бил извршен врз војници, што ја обезбедувале хидроцентралата во регионот на Кулп, во окургот Дијарбекир, пишува весникот „Хуриет“.
Војниците, што ја обезбедувале хидроцентралата, одговориле на огнот, по што дошло до престрелка.
Во регионот е преземена масовна акција за неутрализирање на нападаѓачите, кои успеале да избегаат. Во операцијаат учествувале и воени хеликоптери.