Убиен eден од напаѓачите во Бањска: Можно е да се членови на „Вагнер“ според медиуми во Приштина

Од:

Убиен е еден од напаѓачите на косовската полиција кои се судрија со нејзините припадници во селото Бањска.

Косовската полиција на својот официјален профил на Фејсбук објави дека ситуацијата на северот на Косово, во селото Бањска, се уште е тензична и дека, како што се наведува, криминални групи одвреме-навреме со огнено оружје ги напаѓаат полициските единици на терен.

„Полициските единици, согласно ситуацијата и опасноста од спорадични напади на криминални групи, во одбрана на себе и на граѓаните од областа, беа принудени да реагираат на криминални групи, каде според досегашните информации, еден од напаѓачите се убиени“, се вели во соопштението.

Косовската полиција наведува дека значителен број професионални напаѓачи се маскирани и облечени во различни униформи, дека се вооружени со тешко оружје, пиштоли и имаат оклопно возило.

Приштинските медиуми, повикувајќи се на свои извори, јавуваат дека во нападот врз припадниците на косовската полиција загинале четворица напаѓачи, а не е исклучена можноста напаѓачите да биле членови на „Вагнер групата“, но агенцијата Бета не можела да добие потврда на оваа информација од институциите на Косово.

Косовскиот премиер Аљбин Курти на прес-конференција прикажа снимка од луѓе вооружени со тешко оружје, кои со шест возила без регистарски таблички и едно оклопно возило, во маскирни униформи, влегле во манастирот Бањска каде се уште се присутни. Тој рече дека биле опколени од припадници на специјалните сили на косовската полиција и ги повикал да се предадат.

Непосредно пред соопштението на косовскиот премиер, Рашко-призренската епархија соопшти дека група вооружени, маскирани лица со оклопно возило влегле во манастирот Бањска, при што ја скршиле заклучената манастирска капија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина