Убиецот од Прага оставил проштално писмо во кое признал дека убил татко и двомесечно бебе

Од:

Давид Козак (24) на чешкиот универзитет во Прага уби вкупно 14 лица, а рани 25, а потоа беше потврдено дека пред масакрот извршил уште едно страшно злосторство.

Студентот на Филозофскиот факултет во Прага, кој на 21 декември со пушка уби 14 студенти и професори, рани 25, па се самоуби, во проштално писмо признал дека убил млад татко и неговото двомесечно бебе една недела порано, кога се шетале во шумата на периферијата на Прага. При увидот, полициските службеници покрај прошталното писмо го откриле и оружјето што Козак го користел.

-Во селото Хостоуњ во текот на истрагата е пронајдено проштално писмо во кое убиецот го признава убиството во шумата во населбата Клановице. Засега не можеме да кажеме што точно пишува во писмото, бидејќи истрагата е во тек, проверуваме низа настани и испрашуваме луѓе – изјави за Novinky.cz портпаролот на полицијата Јан Дањек.

Би можело да ве интересира

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Во двор ја задави со голи раце екс партнерката, соседите ја најдоа мртва

А1он

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство