Уапсени се Кинези во Србија осомничени за киднапирање и силување

Од:

Со наредба на Вишото јавно обвинителство во Панчево, на Л.Х.Г. (40), Ц.Ј.Л. (38) и В.Т. (43), државјани на Народна Република Кина, им е одреден притвор до 48 часа.

Осомничените се уапсени затоа што сториле кривично дело киднапирање со тоа што на 3 декември со автомобил ги превезле сега оштетените државјанки на Народна Република Кина родени во 1986 и 1989 година, од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград во Панчево, каде што жртвите биле малтертирани и силувани.

Ц.Ј.Л. и В.Т. се товарат и за сторено кривично дело силување.

Дежурните јавни обвинители, заедно со припадници на Полициската управа во Панчево, спроведоа увид на местото на настанот и во соработка со полицијата се преземаат сите потребни дејствија за собирање докази.

Осомничените ќе бидат однесени на сослушување во Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Би можело да ве интересира

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Пленковиќ: Ќе го предупредиме НАТО за новото оружје на Србија

15-годишник силувал тинејџерка

ВИДЕО: Оштетена српската амбасада во Техеран

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски