Уапсен студент во Белград кој им се заканувал на колегите и професорите

Од:

Припадници на српското МВР во Белград го уапсија У.Д.(19) поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста.

Тој е осомничен дека повеќепати им се заканувал на студентите и професорите на Филозофскиот факултет во Белград, каде што студира, тврдејќи дека поседува пиштол.

Полицијата извршила претрес во куќата во која живее У.Д. и пронашла предмети со антисемитски пораки, при што било утврдено дека тој не поседува огнено оружје.

На осомничениот му е одредена мерка притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен до Првото основно јавно обвинителство во Белград.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

Спасовски: Уапсен е извршителот на убиствата, сторивме се за фаќање на овој монструм

Александар Тодески

Уапсенo 18-годишно момче од Скопје кое живеело во вонбрачна заедница со малолетничка

Судот одлучи: 30 дена притвор за функционерот на ДУИ, Исмет Гури

Горан Наумовски