Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати

Од:

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати тој е спроведен во Хаг пред Меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него.

Попладнево е уапсен и заменик-претседателот на организацијата на ветераните на ОВК, Насим Харадинај, како и уште еден ветеран на поранешната воена формација, Салих Мустафа. Харадинај е приведен нешто по 17 часот, пред да влезе на интервју во телевизијата Т7 и, според неофицијални информации, и тој веќе е на пат за Холандија.

Гуцати е забележан како се изнесува со лисици на рацете од просториите на ОВВ-ОВК околу 13.30 часот. Апсењето е извршено во рамките на денешната акција на ЕУЛЕКС во седиштето на ОВВ-ОВК, која започна околу 11.30 часот.

Веста за апсењето на Гуцати и неговото пренесување во Хаг преку објава на Фејсбук ја потврди секретарот на ОВВ-ОВК Фатон Клинаку. Toj, по денешната акција на полицијата во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес.

Клинаку ги нарече припадниците на ЕУЛЕКС „криминалци“ и порача дека, доколку бидат принудени, припадниците на некогашната ОВК ќе се борат против меѓународната организација, како што се бореле и против Југославија.

Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг.

Би можело да ве интересира

Приштина дава милиони за да ги одбрани лидерите на ОВК

Убиен поранешен припадник на ОВК на Косово: Тело пронајдено во автомобил покрај патот

А1он

ЕУЛЕКС: Загрижувачко присуство на вооружени лица на барикадите во северно Косово

Шефот на ЕУЛЕКС соопшти: Ја следиме ситуацијата, не знаеме каде е Дејан Пантиќ

Горан Наумовски

По силниот притисок од Србија и четиридневната агонија се согласи ЕУЛЕКС: Пантиќ ќе ги добие неопходните лекови

А1он

Еулекс: Извидничка патрола нападната со шок-бомба кај Рудар