Уапсен малолетник осомничен за убиството на братот на министер од БиХ во Белград

Од:

Идентификувани се двајца малолетници кои се осомничени дека го претепале Ѓорѓе Мијатовиќ, братот на Војин Мијатовиќ, министер во Владата на Босна и Херцеговина, во паркот на Вождовац во Белград. Еден од осомничените (16) е уапсен.

Малолетниот се товари за тешко убиство и ќе биде изведен на распит во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Малолетниците се осомничени дека со неколку удари во главата го удриле Мијатовиќ, кој почина по неколку часа. Интензивно се трага по второосомничениот.

Како што пишуваат српските медиуми Мијатовиќ добил шест удари во главата, од кои еден во пределот на слепоочницата.

Според соседите на Мијатовиќ, тој бил нападнат од тинејџери кои веќе подолго време правеле проблеми во околината, а кои го задевале и единаесетгодишниот син на Мијатовиќ.

Тие му ја одзеле топката на детето по што тој отишол кај татко му и се пожалил. Мијатовиќ се симнал и им рекол да го остават момчето на мира. Тогаш почнале непрекинато да го удираат.

Откако резултатите од обдукцијата ќе бидат доставени до Вишото јавно обвинителство во Белград, ќе биде нареден судско-медицински преглед за да се утврди како починатиот се здобил со смртоносните повреди.

Би можело да ве интересира

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка