Уапсен 63-годишен маж за детска порнографија: Странец снимаше голи деца со својот телефон

Од:

Хрватската полиција приведе австриски државјанин во Ровињ, кој со мобилен телефон фотографираше голи деца на плажа. Против уапсениот е поднесена кривична пријава за искористување деца за порнографија, соопшти денеска истарската полиција.

Од полицијата велат дека 63-годишниот маж со својот мобилен телефон снимаше голи деца на плажа, а кога му пријде член на обезбедувањето, сега осомничениот почна да бега.

Обезбедувањето на кампот набрзо го запре бегалецот и го задржа додека не дојде полицијата која го уапси и го однесе во полициска станица. Во инцидентот осомничениот е полесно повреден.

За пронаоѓање на предмети, кои би биле поврзани со кривичното дело, полицијата со судска наредба изврши претрес во просториите, возилото и мобилниот уред што го користеше Австриецот, при што е откриена инкриминирачката содржина.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин